Како да прикачам/ испратам слики од личен документ?

Прикачи ја личната карта со правење на селфи со неа. Го сликаш твоето лице со предната страна од личната карта, после и со задната страна на личната карта. Внимавај личната карта да не ти го прикрива лицето. Личната карта треба да биде до твоето лице. Во права линија со лицето, т.е. од твојата лева или десна страна на лицето. 

Можеш да ја сликаш и само личната карта и со прикачувањето на сликите твоите податоци автоматски ќе се пополнат.

По испраќањето на апликацијата, наш вработен ќе ги валидира сликите ќе добиеш одговор во најбрз можен рок. 

Важно! Сликите на личната карта се прикачуваат еднократно и при промена на личната карта задолжително треба да прикачиш слики од новиот документ.

Ако имаш потреба од дополнителни информации, јави ни се на 131 14.