Како да го потпишам договорот?
По одобрувањето на кредитот ти испраќаме СМС код за потпишување на договорот, на твојот мобилен телефон. Ќе добиеш имејл со сите документи поврзани со кредитот, со линк до страницата на која што треба да го воведеш кодот. Договорот за кредит можеш да го потпишеш и преку апликацијата на Xtra Credit. Воведи го кодот во празното поле и кликни на ,,Потпиши”, со тоа договорот ќе биде потпишан.
Ако не го добиеш СМС кодoт до 5 минути од одобрувањето на кредитот, избери ја опцијата ,,Немаш добиено СМС?” oд страницата за потврдување на кодот. Важно е да провериш дали кодот што го имаш воведено е точен. Ако пак сакаш да го промениш телефонскиот број на кој сакаш да го добиеш кодот, воведи го правилниот телефонски број во празното поле и кликни на ,,Испрати”, за да добиеш нов код за потпишување.
Ако телефонскиот број што го имаш воведено е точен, но сѐ уште не добиваш порака од Xtra Credit, контактирај не на нашиот телефон 131 14.