Зошто треба да изјавам дека не сум носител на јавна функција?
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам наведува низа категории кои спаѓаат во носители на јавни функции, а тоа се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Северна Македонија или во друга држава, како: претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри, избрани претставници во законодавната власт, судии на врховни или уставни судови или други носители на високи правосудни функции против чија одлука, освен во исклучителни случаи, не може да се користат правни лекови, членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државна ревизорска институција и членови на одбор на централна банка, амбасадори, офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник), избрани и именувани лица согласно со закон и членовите на органите на управување и надзор на правни лица основани од државата, лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии), лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции и градоначалници и претседатели на совети на општини.
За носители на јавна функција се сметаат лицата најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција, а врз основа на претходно спроведена проценка на ризик од страна на субјектите.
Поимот „носители на јавни функции“ вклучува и членови на семејството на носителот на јавна функција и тоа: брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница, деца и нивни брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница или родители на носителот на јавна функција, лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција е физичко лице за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице, има склучено договори или воспоставено други блиски деловни врски со носителот на јавна функција или кое е единствен вистински сопственик на правно лице или правен аранжман за кое е познато дека се основани во корист на носителот на јавна функција;
При воспоставување на деловни односи со такви лица, законот нѐ задолжува со претходно одобрување од страна на наш вработен на висока раководна позиција . Доколку изјавиш и/или ги утврдиме горенаведените околности, дополнително ќе те контактираме за дополнителни информации/документи за да можеме да одлучиме дали да ти го одобриме бараниот кредит.