Какви пакети нуди Xtra Credit
Xtra Credit е услуга со која имаш слобода да бидеш себе си. Затоа ти нудиме 3 пакети - Basic, Multi и Total. Избери го пакетот кој најмногу одговора на твоите потреби и очекувања.
- Basic
Со пакет Basic ја добиваш услугата без екстра бесплатни услуги. Немаш вклучена заштита на кредитот, немаш можност за одложување на месечната рата, а ако ти е потребна потврда за твојот долг, ќе ја добиеш во рамките на 7 работни дена. За секој кредит со пакет на услуги Basic треба да чекаш до 5 работни дена за да добиеш одговор на барањето.
- Multi
Со пакет Multi добиваш моментално разгледување на твојата апликација за кредит како и пакет бесплатни услуги, кои може да ги контролираш од твојот профил. Можеш да ја одложиш* твојата рата еднократно за цел месец, без да плаќаш дополнително за таа услуга, како и да ја проверуваш сумата за предвремена исплата за следните 7 дена** со календар во твојот профил. Во случај да ти е потребна потврда за за твојот долг, периодот во кој ќе ти биде испратена истата е 5 работни дена.
*Одложувањето на ратата е еднократно и може да биде искористено откако редовно ќе бидат платени првите 2 рати од твојот кредит.
**Не покасно од датата на доспевање, ако следната рата доспева за помалку од 7 дена.
- Total
Изберги пакет Total и добиј го најдоброто од Xtra. Со овој пакет ги добиваш сите услугите на една место. Можеш да го одложиш плаќањето на твојата рата до 3 пати* за периодот на договорот, како и да добиеш дополнително финансирање преку твојот профил**.
Добиваш бесплатна потврда за твојот долг во рамките на 1 работен ден и можеш да ја провериш твојата сума за предвремена исплата до следната дата на доспевање преку календарот во тојот профил.
Со пакет Total немаш никакви дополнителни трошоци за кои што треба да се грижиш.
По исплаќање на твојот прв кредит, веднаш добиваш можност за финансирање со поголема сума, ако одговараш на условите за кредитирање.
*Одложувањето на ратите може да биде искористиено откако редовно ќе бидат платени претходните 2 рати од твојот кредит. Одложувањето може да се направи и за конкретен период на твојот кредит, посочен во условите на договорот.
**Дополнителната сума за финансирање е достапна, ако си бил веќе одобрен за повисока сума од првично побараната и во соогласност со Општите услови за кредитирање.